СТОП за родово базирано насилство на работното место

0

Започнувајќи од 14 Февруари, а во престет на 8ми Март, започната е глобална кампања против родово базирано насилство.

Кампањата која ја води Меѓународната конфедерација на синдикати вели “ Stop Gender Based Violence at work! Support an ILO Convention! “ односно стоп за родово базирано насилство.

Синдикатите ја повикуваат Меѓународната организација на трудот да донесе  нова меѓународна конвенција за заштита од насилство  на полова основа на работното место.

Родово-базирано насилство на работното место или на пат до и од работа, може да се јави во повеќе форми, вклучувајќи:

  • Физичка злоупотреба, вклучувајќи напад, обид за убиство и
    убиство
  • Сексуално насилство, вклучувајќи и силување и сексуален напад
  • Вербална злоупотреба
  • заплашување
  • Психолошкото малтретирање и заплашување
  • Сексуално вознемирување
  • Закани за насилство
  • Економска и финансиска злоупотреба

Родовото насилство е манифестација на нееднакви односи на моќ меѓу жените и мажите и служат за да ги овековечат тие нееднаквости. Без разлика на тоа каде се случува насилството, насилството врз основа на родот има потенцијал да влијае врз работното место. Жена која е жртва на насилство од нејзиниот интимен партнер е во опасност да биде  прогонувана од сторителот и на нејзиното работно место,создавајќи загриженост за нејзината безбедност и на работното место.

Истражувањата покажуваат дека родовото насилство  има сериозно негативно влијание врз учеството на жените во работната сила и врз продуктивноста на трудот.

  • 35% од жените во светот имаат доживеано физичко и/или сексуално насилство
  • Помеѓу 40 и 50% од жените доживеале несакани физички контакти  или други форми на сексуално вознемирување на работа

И ние ја подржуваме оваа кампања и кажуваме стоп на насилството врз жените на работното место.

Посетете ги подолу дадените линкови:

https://www.ituc-csi.org/unions-call-for-ilo-standard-on

https://www.ituc-csi.org/23days

https://www.ituc-csi.org/IMG/pdf/stop_violence_en.pdf

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk