Средба со претставник на Европската комисија и претставник на КСС

0

На ден 22 февруари 2019 година во ЕУ инфо центарот претставникот на КСС, Спасе Николов оствари средба со Армел де Керос, претставник на Европската Комисија, програмски и финансиски менаџер за меѓународни прашања. На средбата беа изнесени прашањата поврзани со синдикалното движење во Република Македонија. Од страна на нашиот претставник беше изнесено следното:

Синдикатите и синдикалното организирање се на најниско ниво и како никогаш до сега се вршат секаков вид на дискриминација, притисоци и уцени, или со една реченица опишано: “Или си со мене или си против мене и нема да постоиш”. Имено, во Македонија постојат два синдиката од кои едниот подобен за власта додека другиот е неподобен и мора да се уништи по секоја цена. Претставници на работниците се утврдуваат со репрезентативност односно членовите на синдикат се под континуиран притисок и заплашување за да излезат од неподобниот и да се зачленат во подобниот синдикат за власта.Правата од работен однос освен што се намалени, веќе не постојат институции/ инспекторати кои вршат надзор над примемена на законите поради фактот што овие институции се под директна надлежност на владата. За да ја потврдиме оваа состојба, вредно е да се спомене и фактот дека скоро две години не постои комисија за одлучување за правата од работен однос во втор степен по жалба. Директорот на Агенција за администрација во чии рамки е комисија за одлучување по жалби во втор степен за административни службеници е близок пријател на Претседателот на Владата(доаѓаат од иста општина во која премиерот бил Градоначалник додека Директорот на Агенција за администрација бил секретар во истата општина). Директната контрола над инспекторатите и второстепените комисии за одлучување за правата од работен однос од една страна, бркањето од работа на синдикални лидери, непочитување на елементарни права и обврски утврдени со Устав и закон од страна на извршната власт допринесе во Македонија да имаме неспоредливо најголем број претставки за дискриминација по основ на права од работен однос. Економско социјалниот совет ги затвори вратите на претставниците на работниците и иако спротивно на закон се носат одлуки, предлог закони и подзаконски акти кои се на штета на работниците, ова тело најдискриминирачки ја уништува и последната надеж на сите работници во јавниот и приватниот сектор. Унапредувањето на работничките права е единствено постигнато кај нововработените во јавниот сектор, кои задолжително мора да пристапат во подобниот синдикат на власта. Сето горепосочено и сите законски измени до сега, единствено можат да го потврдат се по присутното чувство кај работниците дека се наоѓаат во феудално општество.  

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk