Средба на членови на Извршниот одбор на КСС со г-дин Магнус Берге од МОТ

0

Денес во просториите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Извршниот одбор на КСС одржа средба  со г-динот Магнус Берге, специјалист за активности на работниците во канцеларијата на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа.

На состанокот се дискутираше за проблемите со кои соочува Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во поглед на кршењето на работничките права, оневозможување на правото на слободно здржување, мешање на работодавачите во синдикалното организирање и синдикалното делување, за неможноста за докажување на репрезентативноста и неможноста за собирање на списоците со членовите, се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат гранските синдикати на КСС, за притисоците со кои се соочуваат нивните членови, а посебно синдикалните лидери кои трпат најголем притсок. Г-динот Магнус Берге, кој е запознаен со целата ситуација,констатираше дека во Македонија директно се крши Конвенцијта 87, Конвенција за слободата на здружување и заштитата на правата за организирање, за што добивме и конкретни насоки за понатамошно делување со цел репортирање на ваквото прекршување на конвенции ратификувани од страна на Собранието на Македонија. Исто така посочи дека има сериозно вознемирување кое го претрпуваат синдикалните лидери, кои имаат и пишани докази и судски постапки кои се во тек и посочи дека ситуацијата ќе биде пријавена на повисоко ниво во рамките на Меѓународната организација на трудот.

Исто така се отвори прашањето за донесувањето на новиот Закон за работни односи, каде што членовите на Извршниот одбор на КСС истакнаа дека голем дел од забелешките на КСС не се прифатени, а исто така сметаат и дека дел од одредбите се штетни за работниците.

Беше споделена и информација околу предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за обраозвание, наука и култура (СОНК), кој се одржа на почетокот на учебната година на 02.09.2019 година.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk