Состанок со претставници на МОТ за безбедност и здравје при работа

0

На 20 и 21 Март во  посета на Македонија беа двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во  областа на  безбедноста и здравјето при работа, во рамките на  техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство,  како и преглед на предизвиците при имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа.

На 21.03.2018 се одржа состанок со претставници на КСС на кој се обработуваа теми во врска со безбедност и здравје при работа. Состанокот беше поделен во три дела и тоа:

1.Прашања во врска со активностите на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа каде беше објаснето за тековните активности на претставниците на работниците за  безбедност и заштита при работа.
2.  Разговор во врска со законската регулатива за работните односи и почитување на Законот за  безбедност и здравје при работа од страна на вработените и менаџментот. Во врска со ова беше потенцирано дека постојната законска регулатива се спроведува во доволна мера и сите неправилности на теренот се наведуваат и пријавуваат кај надлежните институции.
3. Во третиот дел беше вклучен претставникот на КСС кој зборуваше за трипартитниот дијалог, функционирањето на економско социјалниот совет и советот за безбедност и здравје при работа.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk