Синдикатот за угостителство и туризам бара мерки за справување со кризата

0

Синдикатот за угостителство и туризам денес одржа прес-конференција. Истата e  предизвикана од состојбата на вработените во дејностите на угостителството и туризмот, во време на пандемијата  и поради лошата   економско – социјалната состојба во која се наоѓаат вработените од овие дејности.

На овие сектори, како  најпогодени, државата мора да излезе со конкретни мерки со кои ќе им помогне да се преброди овој период.

2

Од синдикатот побараа да се изнајде начин сите работници  да добијат сигурност. Голем дел од работниците се непријавени и сега не можат да ги остварат своите права, што е последица, бидејќи затаил системот на контрола, односно инспекторатите.

Синдикатот за угостителство и туризам изнесе повеќе свои барања меѓу кои се :

  •  да се почитуваат сите одредби од ЗРО кои се однесуваат на работниците
  • да се потпише колективен договор
  • владата да издвои мерки за поддршка на угостителството и туризмот за да се намалат штетите од корона вирусот и да имаат дополнителна помош  од владата.
  • да намали сивата економија со тоа што работодавачите ќе ги да се пријавуваат односно осигуруваат вработените во угостителството и туризмот
  • работниците да бидат осигурани на полно работно време и да ги добијат соодветните надоместоци согласно закон за прекувремена работа, работа во викенди и празници
  • задолжителна исплата на К-15, бенифициран стаж и платен годишен одмор од минимум 20 работни дена.

Напоменаа дека ова се права на работниците кои треба да ги добијат согласно законите и дека конечно треба да се преземе конкретно решавање на статусот на овие вработени и да се исполнат барањата на синдикатот.

3

Според проценките на синдикатот  во угостителството се пријавени околу 20.000 работници, а работат околу 70-80.000 работници.

На крај истакнаа дека бараат да им се подаде рака и со сите чинители на заедничка маса да изнајдат решение за да можат и тие да преживеат во ова тешко време за целата држава.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk