Секцијата на жени при КСС во кампања против родово-базирано насилство врз жените на работното место

0

Секцијата на жени при КСС даде свој придонес во одбележувањето на овој ден за да се потсетиме кои се права ги уживаме денес, но и дека борбата за рамноправност сеуште трае. Денес во Градскиот трговски центар се подели печатен материјал со кој се осврна внимание на борбата против насилство врз жените на работното место.

Денес се чини дека е постигната рамноправноста меѓу мажите и жените, но да се потсетиме дека милиони жени во светот сеуште ги немаат основните човекови права како право на заштита од семејно насилство, психичко и физичко насилство на работното место, помалку платен труд, неплатена прекувремена работа, помала застапеност во парламентите и мн. други.

Во Македонија борбата за рамноправност на мажите и жените сеуште трае, тоа се докажува со многу примери од реалниот живот.

Да се потсетиме на спроведеното истражување со кое се дојде до фактот дека жените се за 12,5% помалку платени од мажите за еднакво извршена работа.

Овој 8ми март се приклучуваме кон кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати – СТОП за вознемирување на жените на работното место  и ја даваме својата поддршка за конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за спречување на родово-базирано насилство врз жените на работното место. Ќе се залагаме за ратификување на оваа конвенција во Македонија со која Владата ќе мора да ги усогласи законите со стандардите на конвенцијата.

Спроведувањето на соодветни закони е клучно за да се спречи насилството врз жените во сферата на трудот.

Родовата рамноправност е важен фактор за напредокот во секоја сфера од општественото живеење. Борбата за правата на жените е вековна и сеуште трае.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk