Регионалниот програмски директор на Центарот за солидарност во посета на КСС

0

Денес во просториите на КСС се одржа средба со господинот Руди Портер, регионален програмски директор на Центар за солидарност, интернационален институт за синдикални програми во асоцијација со најголемата американска федерација на синдикати АФЛ-ЦИО.

На средбата се разговараа моменталните синдикални состојби како во Македонија, така и во Америка и се согласија дека иако се различни проблемите синдикалната борба секаде е иста.

Од двете страни се изрази желба за комуникација и соработка во иднина со Центарот за солидарност во исполнување на синдикалните цели.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk