Регионален Форум за минимална плата во Белград

0

На 16 и 17 јули во Белград се одржува Регионалниот форум за плати кој го организира Пан- Европскиот регионален совет (ПЕРК), Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во соработка со ILO ACTRV, со цел да поддржат синдикатите од Југоисточна Европа во борбата за пристојна плата за пристоен живот и социјалната заштита, вклучувајќи ја и мнималната плата. На форумот се разгледа реалната состојба на платите, како и предизивикот на синдикатите да успеат во нивните барања за покачување на платите, бидејќи платите во земјите од Југоисточна Европа се нависитина ниски, на кој учестува Претседателот на КСС, Благоја Ралповски и економски експерт Драган Јосевски.

На форумот се зборуваше и за развој на регионална кампања и се аргументираа синдикалните докази за минималните плати. Потоа следуваше презентација за размена на стратегии за синдикални кампањи и преговарачки стратегии за минимални плати кои ги покриваат основните животни трошоци.

Форумот ќе продолжи и утре, со тоа што ќе има презентација за развој на планот за заедничка работа на национално, регионално и меѓународно ниво. Во дискусијата ќе се разгледа работењето на кампањи, преговори, мултимедиски материјали и изработка на материјали за лобирање.

На Форумот се обратија Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК), Шаран Бароу,  Антон Лепик од Пан-Европскиот регионален Совет (ПЕРК), Чедранка Андриќ од српскиот синдикат Независност, Љубиша Орбовиќ од Сојузот на Самостојни синдикати на Србија и Магнус Берге од Меѓународната Организација на труд.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk