Реакција на КСС за Предлог буџетот за 2018 година

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес одржа прес – конференција на која реагираше за предлог буџетот на Р.Македонија за 2018 година во однос на предложените зголемувања на платите само во одредени дејности во јавниот сектор и ги истакна барањата за унапредување на работничките правата и стандардот на работниците.

КСС на оваа прес –конференција побара::

– Усогласување на платите во јавниот сектор, соодветно на процентот создаден со покачување на висината на минималната плата, што секако е и законска обврска согласно член 246 од Законот за работни односи.

– Итно да отпочнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор за проценти утврдени преку конструктивни преговори со репрезентативните и релевантните синдикални партнери кои што ќе бидат реализирани заклучно со јануарската плата 2018 година.

Беше истакнато дека доколку овие барања не се прифатат, КСС преку членството во своите грански синдикати ќе отпочне со подготовка на порадикални синдикални активности за што и претходно беше информирано на последната прес – конференција со презентација на манифестот, кој што е доставен до сите релевантни државни органи и меѓународни организации.

Претседателот Благоја Ралповски, воедно и како Претседател на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија  искажа несогласување за заборавањето на државната администрација, затворите, инспекциските служби, судската администрација. Наместо добиените ветувања се случува невидена дискриминација и дека одредни групации и синдикати јавно даваат изјави за отпуштање и намалување на вработените во овие сектори.

Се бара веднаш да се пристапи кон услогласување на платите во државната администрација од причина што во пракса се случува порамнување на техничко – помошниот персонал со носителите на дејност и е неприфатливо  државата од буџетот да исплаќа додаток на плата во приватниот сектор каде што половина од тие лица се самовработени, согласно јавните и релевантни статистики и за истите државата од буџетот да плаќа годишни одмори што секако е индиректна исплата на К-15, а државната администрација која е најпрофесионалниот дел на власта, согласно повеќе меѓународни јавни документи, да биде отфрлена и заборавена и да биде цел на секојдневни политички игри.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk