Реакција на КСС за молкот од страна на Владата на Република Македонија

0

Наместо договор со КСС за нашите легитимни барања, иако помина 1 месец од протестот кога бевме повикани од претставници од Владата на РМ., повторно игнорирање, повторно молк кој исто така се преточува и надолу со нефункционирање на социјалниот дијалог и партнерство и на локално ниво што е факт со тоа што ниту еден градоначалник досега ги нема свикано Локално- економските совети.

Наместо конструктивен и унапреден социјален дијалог се соочуваме со разни сателити т.н. НВО, како пробен балон да пробаат да наместат јавно мислење за намалување на работничките права.

Сведоци сме дека се говори за зголемување на старосната граница за пензионирање, нестручна и превработена администрација со потреба од отпуштање на голем број работници, а сведоци сме и за голем број нови вработувања во јавен сектор, трансфер од јавен во приватен сектор, за технолошки вишоци во одредени дејности итн.

Доста е и сега кажуваме СТОП, СТОП за кршење на законите, СТОП за кршење на колективните договори, СТОП за неконструктивен социјален дијалог, СТОП за понижување на јавната администрација, СТОП за притисоците, за уништување на синдикалното движење.

КСС уште еднаш ги повторува своите барања:

– Веднаш да престанат притисоците врз вработените во јавниот сектор, а особено притисоците врз синдикалните претставници и обидот за загушување на синдикалното движење

– Веднаш да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата од октомври 2017 година

– Веднаш да започнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор без дискриминација на одредени дејности

– Веднаш да отпочнат преговори за измена и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со цел подигнување на работничките права во делот на минат труд, правото на регрес за гошен одмор и породилното отсуство.

– Задолжително да се усогласуваат барањата за олатите во јавниот сектор помеќу репрезентативните синдикати и Владата, пред секое планирање на Буџетот на Р. Македонија.

Бараме Владата на РМ заедно со Премиерот на РМ. да не повика на разговори околу барањата на КСС кои се легитимни и најдоцна до 15 март да се излезе со решение околу поставените барања, во спротивно КСС ќе продолжи со своите синдикални активности во однос на преземање на радикални синдикални мерки.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk