Работилница на МОТ – Права на младите на работното место

0

Во периодот од 29,30.11 и 01.12.2017 год. во хотел Епинал во Битола се одржа активност на која целна група беа младите до 29 години. Оваа активност имаше за цел да им обезбеди поддршка на синдикатите, службите за вработување,институциите за образование и наука како и на младинските организации во нивните иницијативи што се насочени кон подигнување на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место.

Работилницата беше организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Темата која се обработуваше на оваа работилница беше “ Права на младите на работно место-пристојна работа за младите луѓе “ која ја предводеше доцент д-р Александар Ристовски проф.на Правниот факултет ”Јустинијан први” Скопје, експерт во областа на трудовото право, кој како главна цел на оваа обука ја истакна едукацијата на младите за правата на работното  место.

Работилницата опфати четири поединечни сесии кои се организираа на следниов начин:

  • Сесија 1- Младите луѓе и работата: Во оваа сесија се фокусираа клучните карактеристики на пазарот на трудот за младите луѓе во земјата,идентификувањето на основните принципи и права на работата и дефинирањето на “пристојната работа”.
  • Сесија 2- Договор за вработување: Во оваа сесија се разработуваа клучни карактеристики на договорите за вработување-учесниците имаа можност да го дефинираат работниот однос, да ги наведат правата и обврските на вработените и работодавачите,како и да ги идентификуваат минималните барања на договорот за вработување.
  • Сесија 3 – Услови за работа: Во оваа сесија се разработуваа клучни сегменти, а тоа се: работното време и одморите, платите и отсуствата од работата на работниците. Учесниците беа во можност: да ги наведат националните правила за работното време,одморите,отсуствата и платата, да ги идентификуваат минималните барања за пресметка на плата и да ги објаснат типичните одбивања од плата.
  • Сесија 4 – Безбедност и здравје при работа: Во оваа сесија се фокусиравме на прашањата поврзани со безбедноста и здравјето при работа, идентификација на опасностите на работното место и мерки за сведување на ризиците на најниско ниво. Учесниците имаа можност: да ги наведат правата и одговорноста на работодавачите и работниците во однос на практиките за безбедност на работното место, да се идентификуваат ризиците за здравјето и безбедноста при работа и да си сугерираат мерки за нивно намалување.

Програмата имаше партиципативен пристап, кој овозможи размена на информации и искуства помеѓу учесниците и меѓу учесниците и модераторите, а се реализираше во комбинација на презентации, дискусии и групни активности.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk