Работилница на МОТ за новата Национална прогама за пристојна работа во Македонија

0

 

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија зазема учество на работилницата за следење и оценување за новата Национална програма за пристојна работа во Македонија која се одржа на 11-12 јуни 2018 година во Скопје а која беше организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Во обуката беа вклучени специјалистите и раководителите на средно ниво од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Агенцијата за вработување, Државниот инспекторат за труд, организациите на работодавачи и синдикатите.

Националната програма за пристојна работа претставува среднорочна рамка за планирање што ги дава насоките за работата на МОТ во определена земја во согласност со приоритетите и целите што се договорени со нејзините трипартитни конституенти. Истата се потпишува од Владата, синдикатите, организациите на работодавачи и МОТ.

Суштинската цел на Националните програми за пристојна работа е унапредување на пристојната работа, задоволување на конкретните потреби и проблеми во земјата. НППР за Република Македонија (2015-2018) беше подготвена во рамки на сеопфатен трипартитен консултативен процес во кои беа вклучени МОТ националните конституенти.

 

35363341_10156216064207870_3434895379101908992_n35360599_10156216066082870_6327697556813905920_n

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk