Работилница на КСС ,,Организaциска поставеност, цели и улога на синдикатите”

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во рамки на проектот ,,Бесплатна правна помош за сите членови,, организираше работилница насловена како ,,Организaциска поставеност, цели и улога на синдикатите” на која беа претставени повеќе аспекти околу функционирањето на синдикатите, а целта на работилницата беше запознавање на учесниците одблизу со делувањето на синдикатите.

Беа истакнати целите на кои се темели основањето на синдикатот и синдикалното делување како што се: да осигура подобар квалитет на животот и пристоен животен стандард, достоинствена и достапна здравствена заштита, побезбедни работни места и поздрава работна средина, економска и социјална сигурност за работниците, пензионерите и социјално загрозените, да обезбеди еднаквост на сите националности, вери и политички убедувања кои ја негуваат каузата за демократија и солидарност, да развие конструктивни односи базирани на партнерство, социјално лидерство и активизам, како и транспарентност и одговорност на членството во синдикалните организации. Исто така беше даден осврт колку од целите се постигнати и на оние на кои треба да се работи за понатамошно унапредување на улогата на КСС во општеството.

На работилницата беа презентирани и организациската поставеност, како и органите и телата на синдикатот, се со цел учесниците да добијат појасна слика околу внатрешното функционирање на синдикатот.

Особено се осврнавме на прашањето за делувањето на синдикатите и која е нивната улога, како преговараат, како се одвиваат преговорите и на кое ниво, како се одвива бипартитен, трипартитен или граѓански социјален дијалог.

Проектот Бесплатна правна помош за сите членови е финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk