Работилница за помирување на работните спорови

0

Во рамките на  проектот Унапредување на социјалниот дијалог  како последна завршна активност беше работилницата за потпомогнато колективно договарање која се одржа во деновите од 28-30 Март во хотел Арка.

Работилницата ја водеа г. Силван Бафи од Меѓународниот центар за обуки на МОТ во Торино, г. Киран Милви од Комисијата за работни односи на Ирска. И двајцата се експерти со долгогодишно и богато искуство во помагање на државите од регионот во промовирање на социјалниот дијалог како и во зајакнување на колективното договарање на национално и секторско ниво. Секако свој придонес даде и Кристина Михеш која е Виш специјалист на МОТ за социјален дијалог и работно законодавство.

20170328_160742

На работилницата беа претставени начелата на МОТ за мирно решавање на работните спорови при што беше истакнато каква е праксата во ЕУ и каква е праксата во Македонија во однос на Мирното решавање на работните спорови.

Се обрна внимание и на различните стилови на помирување, на поврзаноста помеѓу преговарањето и помирувањето, придобивките од истите како и важноста на алтернативите при преговарањето. Се ова беше со практични примери пренесено преку симулација на помирување, каде секој од учесниците на работилницата се најде во улога на помирувач.

На крајот од оваа работилница се изнесоа искуства од преговарањето, различните исходи до кои може да се дојде во текот на истото и на кои различни начини може да се пристапи во однос на преговарањето. Во овој дел исто така беа спомнати типичните грешки кои се прават во текот на помирувањето.

20170330_162310

Работилницата беше организирана во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог  кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk