Протест на КСС во Кичево

0

Во сабота на ден 23 февруари 2019 се одржа протест на КСС во Кичево кој беше еден во низата најавени протести на КСС. Потсетуваме дека претходно беа одржани протести во Прилеп и во Штип. На овој протест незадоволството го изразија околу 1000 незадоволни граѓани вработени во јавниот сектор.

Протестниот марш започна од Железничката станица во Кичево, а заврши на главниот плоштад во Кичево каде се изнесоа говорите на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, претседателот на СОНК, Јаким Неделков и претседатлот на регионалниот одбор Кичево – Цане Крстески и секретарот Зуфер Рушај кој на присутните се обрати на албански јазик.

Тие ги искажаа барањата за протестот, барањето за отпочнување преговори за изменување и дополнување на Општиот Колективен договор за јавен сектор, со што ќе се дефинираат некои прашања и ќе се подигнат некои права на работниците вработени во јавниот сектор, вклучително и во образованието, науката и културата, а особено за враќање на стекнатото право за регрес за годишен одмор, јубилејни награди, воведување на 13 плата и други додатоци на плата.

На протестот незадоволните работници носеа пароли каде беа испишани нивните барања и тоа ” Сигурни работни места”, Стоп за трансфер од јавен во приватен сектор” и “КСС-силата на новото време”.52609105_2278195389062820_4084929793064173568_o

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk