Прва јавна дискусија за Нацрт-верзијата на Закон за работни односи

0

Денес Конфедерацијата на слободни синдикати(КСС), по претходно добиена покана од Министерството за труд и социјална политика, учествуваше на првата јавна дискусија за Нацрт-верзија на Закон за работни односи.

На јавната дебата најпрвин се обрати Заменик претседателката на Шведската Конфедерација на Синдикати Г-ѓа Тересе Гувелин. Таа кажа дека добар Закон за работни односи е во полза и на работодавачите и на работниците. Исто така истакна дека се залага за социјален дијалог, а за тоа е потребна силна основа. Се надоврза дека кога ќе се донесе Законот за работни односи истиот треба да биде спроведен на сите нивоа преку социјален дијалог и преговори.

Претседателот на КСС имаше можност да се обрати пред присутните учесници. Тој истакна дека ни потребен добар Закон за работни односи и дека тоа е главната причина поради која сме собрани со цел да се дискутира како сите би имале можност да ги искажат своите мислења и сугестии по истиот.

Потоа следуваше дискусијата за Нацрт-верзијата за Закон за работни односи каде што присутните даваа свои предлози и мислења за одредени членови од Законот кои што сметаат дека треба да се вметнат или целосно да се отстранат.

Учесниците го затворија настанот со давање на заклучоци и идни насоки.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk