Прва синдикална школа за млади на КСС

0

Од 9-11 ноември се одржа Првата синдикална школа за млади на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на која се обработуваше мобингот како  тема односно “ Вознемирување на работно место (мобинг) “.

Обуката беше организирана од КСС, а поддржана од ITUC ( Интернационална конфедерација на синдикати) и  PERC ( Пан Европски Регионален Совет). Школата се одржа во хотел Бисер, во Струга.

На обуката која ја предводеше м-р Маја Ристова- адвокат, експерт во областа на мобингот присуствуаа 34 претставници од различни синдикални организации кои можеа да се запознаат одблизу со поимот и видовите мобинг, како и да научат како да го препознават на своите работни места.

Многу од учесниците преку дадени конкретни примери се пронајдоа себеси или своите колеги како жртви на мобинг и беа соодветно упатени како да се заштитат од истиот и како се иницира судска постапка во случај тоа да им биде потребно.

На обуката се разгледуваше и анализираше и законската рамка за вознемирување на работно место, проблемите во практиката и злоупотреба на правото.

Од особена важност за учесниците беа практичните примери кои им беа презентирани од страна на адвокатката како и практичните вежби кои имаа задача да ги анализираат и одговорат, а подоцна беше отворена дискусија во врска со истите.

На обуката имаше конструктивна дискусија, повеќето од учесниците  беа активно вклучени во дискусијата, видно заинтересирани за темата, поставуваа прашања и даваа конкретни примери од своето окружување.

Веруваме дека ваквата обука ќе биде од огромна корист за сите кои ја проследија, со тоа што ќе знаат како да го препознаат мобингот на работното место, како да го превенираат и доколку станат жртви да знаат како да се заштитат.

Со одржување на оваа обука ја увидовме потребата за организирање на повеќе обуки и работилници на тема “Мобинг” со оглед на актуелноста на темата.

ГАЛЕРИЈА

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk