Прва работна средба на КСС со Владини претставници – Јавниот протестот ќе се одржи

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес на итна прес – конференција извести за одржаната работна средба со претставници од Владата на Р.Македонија и за најновите состојби околу закажаниот  Јавен протест за 17.01.2018 година во 5 минути до 12 часот пред Владата на Р.Македонија.

,,Денес  сме тука да известиме дека после повеќемесечни укажувања за нефункционирање на социјалниот дијалог, за кршење на Законите, Конвенциите на МОТ ратификувани во Собранието на Р.Македонија и суспендирање на колективните договори, денеска остваривме средба со претставници на Владата на Р.Македонија, предводена од Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска, како и Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, Минстерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска и Министерот за информатичко општество и администрација, г-динот Дамјан Манчевски.

На состанокот беа изнесени и образложени нашите барања на кои што остануваме и понатаму и беше заклучено дека конструктивен социјален дијалог треба да има во конструктивна атмосфера и дека треба да престанат притисоците врз синдикалните лидери, каде што ќе бидат лоцирани.

Ние како раководство остануваме на линија на нашите барања, затоа што тоа е наша обврска, и по тој повод ги повикуваме сите наши членови да излезат  на Јавен предупредувачки протест и дадат свој личен придонес за остварување на социјалните барања за повисока плата,  за подобри услови за работа, за почит во општеството, за себе, за своето семејство,  за подобра иднина, за живот…

Јавниот протест ќе се одржи утре 17.01.2018 година со почеток 11,00 часот од Порта Македонија, покрај Министерство за правда до Владата на Р.Македонија во 5 минути до 12 часот.

Исто така мораме да истканеме дека и понатаму продолжуваме со исто темпо во насока на заштита и унапредување на работничките права, особено во јавниот сектор.

Уште еднаш ги повикуваме јавно сите синдикати во Р.Македонија, особено Сојузот на синдикати на Македонија, сите невладини  и граѓански организации кои што имаат искрени намери за заштита на работничките права, сите наши членови  и нивните семејства“, истакна Претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk