Практична работилница за Колективно договарање

0

Како продолжение на претходната работилница за колективни договарање за секторот градежништво, се одржа уште една таква работилница, но овој пат за секторот трговија.

Работилницата се одржа на 14 ти март во х.Арка во Скопје.

На работилницата беа пренесени практични искуства од експертите од Германија, Нилс Буш-Петерсен кој беше како претставник на работодавачите и Ерика Ритер како претставник од синдикатите.

Најпрво беше презентирана моменталната состојба во Македонија во поглед на колективното договарање  со конкретен фокус во секторот трговија со направен осврт на минатите години.

Потоа следеше презентацијата на Нилс Буш-Петерсен кој ја презентираше перспективата на работодавачите во поглед на колективното договарање во секторот трговија во Германија и воедно го истакна лобирањето како аспект во застапувањето на интереси.

По него следеше Ерика Ритер со своја презентација за синдикалната перспектива во колективното договарање.

По завршените презентации следеше дискусија во која присутните со свои прашања се здобија со информации за начинот на колективното договарање во Германија и што од тоа може да се примени кај нас.

Оваа работилница е организирана по барање на социјалните партнери од страна на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk