ПОТПИШАНА НОВАТА ЧЕТИРИГОДИШНА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА

0

Во прилог е конечната Програма за достоинствена работа (ПДР) 2019-2022 ( на македонски јазик) , која е резултат на консултациите и забелешките од претставниците на Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и здруженијата на работодавачи. Ги отсликува приоритетите на Владата и социјалните партнери и можностите за техничка поддршка на Меѓународната организација на трудот.

Програмата ја потпишаа директорот на Меѓународната организација на трудот за Европа и Централна Азија, министерката за труд и социјална политика во името на Владата, претседателите на ОРМ, БКМ, ССМ, КСС, УНАСМ и КСОМ.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со своите експерти учествуваше во креирањето на оваа програма со што го даде својот придонес кон нејзината изработка. Националните програми за достоинствена работа се основниот инструмент за обезбедување поддршка од МОТ за земјите-членки.
Националната програма за достоинствена работа претставува среднорочна рамка за планирање што ги дава насоките за работата на МОТ во определена земја во согласност со приоритетите и целите што се договорени со владите, синдикатите и работодавачите.
Овој програмски документ е резултат на стратешкото планирање на активностите за соработка на МОТ во Република Македонија за периодот 2019–2022 г.

MKD_DWCP_2019-2022_MK

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk