Посета од претставници на Union to Union од Шведска

0

На ден 20.06.2018 во просториите на КСС во посета беа преставници на синдикатот Union to Union од Шведска која е дел од Шведската Конфедерација на синдикати и Шведската конфедерација на професионални работници.

Union to Union ја промовира пристојната работа, демократијата, одржливи развој и човекови права. Тие поддржуваат локални, но и странски синдикати со цел на подобрување на условите, регрутирање на повеже членови, давање корисни совети за поуспешна работа во насока на подобрување на работничките права.

За време на средбата се разговараше за актуелните проблеми сна синдикалното движење во Република Македонија, проблемите со кои се среќааваат работниците, начините за унапредување на работничките права, здравје и безбедност и при работа и други предизвици со кои КСС се соочува во моментов, со особен осврт на младите и жените.

Во рамките на остварената средба, со претставник на секцијата на млади при КСС се дискутираше за моменталните состојби во однос на синдикалната едукација и синдикалното дејствување. Претставниците ја искажаа потребата од поопширна и посеопфатна синдикална едукација која е многу важна за развојот и напредокот на целовкупното синдикално дејстување.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk