Подрегионална конференција нa високо ниво за проценка на состојбата на социјалнo-економските совети нa Западниот Балкан

0

На 05 и 06 јули во Белград, Србија се одржува Подрегионална конференција нa високо ниво за проценка на состојбата на социјалнo-економските совети  нa Западниот Балкан на која од Македонија присуствува делегација предводена од Заменик министерот за труд и социјална политика г-динот Елми Азири и останати претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставник од синдикатите беше Престседателот на КСС, Благоја Ралповски и претставник од работодавачите, Белинда Николовска. На Конференцијата исто така учество имаа и делагации од земјите од Западен Балкан, како и Директорот на MOТ од регионални канцеларии за Централна и Источна Европа во Будимпешта, г-динот Антонио Грациози.

slika Konferencija

 

Економиите од Западен Балкан имаат слични структурни карактеристики и карактеристики на пазарите на труд, вклучувајќи висока невработеност и неактивност на работната сила, недоволно финансирани политики за пазарот на трудот, ограничени ресурси на јавните служби за вработување и несогласување помеѓу побарувачката и понудата на трудот.

На Конференцијата беа презентирани извештаите од тимовите за проценка на состојбата за Економско социјалните совети во земјите од Западен Балкан.

Економско социјалните совети (ЕСС) имаат законско решение за консултативна и советодавна улога за прашања од национален општ интерес во процесите на донесување економски и социјални политики, а според тимовите за проценка на состојбата потребно е зајакнување на капацитетите на Економско социјалните совети како и зајакнување на нивното влијание врз процесите на креирање политики и поефикасни механизми  за координација на социјалните партнери.

Исто така беа претставени и економските и политичките состојби на земјите, а се дискутираа и позитивни примери и практики кои земјите од Западен Балкан треба да ги применуваат. Беа усвоени и соодветни препораки кои ќе се имплементираат во рамките на програмите на Економско социјалните совети во секоја од земјите.

Конференцијата се одржува во рамките на проектот Подрегионалниот проект ,,Платформа за вработување и социјална политикa (ESAP)” финансиран од Европската унија, а го спроведува  Меѓународната организација на трудот.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk