Поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати

0

Генералниот  секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати упати писмо до Премиерот и до Министерот за труд и социјална политика со кое ги повикува да престанат со какво било мешање во синдикалните работи и синдикалното организирање, да трестанат да создаваат пречки во организирање на редовни избори во синдикатите, дневни притисоци и заплашување на членови чија цел е нивно исчленување од  КСС и произволни промени на работните места и условите за работа на синдикалните претставници во обид за ограничување на можностите за вршење на синдикалната функција.

Остро го осудуваат отказот на Претседателот на КСС од неговото работно место како државен службеник. Владата со оваа постапка испраќа јасна порака до сите синдикати во  Македонија дека е подготвена да ги прекрши принципите на слобода на здружување и да изврши закани и притисок врз синдикалните лидери и активности, а особено во јавниот сектор.

Меѓународната конфедерација на синдикати која  претставува повеќе од 181 милион работници во повеќе од 163 земји и има 340 национални синдикати членки, ја дава целосната поддршка на КСС да се избори со притисоците и понатаму ќе ја дава преку искористување на постојните меѓународни и регионални механизми за заштита на правата на работниците ако нападот продолжи.

Во целост го пренесуваме писмото на следниот линк.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk