ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – Пријавување на надворешни соработници/Консултантски друштва

0

Повик за изразување интерес

Процена на потреби за услуги за синдикатите во Северна Македонија

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС

Историјат

Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу социјалните партнери во Северна Македонија. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош е канализирана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, што се финансира од Европската унија и се спроведува од Меѓународната организација на трудот.

Предмет на задачата

Со оглед на тоа што синдикатите настојуваат да добијат сила и импулс за создавање поголеми организации што се способни подобро да ги застапуваат работниците на национално и на локално ниво, постои потреба за подобрување на услугите што ги нудат на своите членоци, како и да се направи нивната работа повидлива за јавноста.

Процената на потребите на членовите бара спроведување повеќекратни интервјуа со клучните засегнати страни, што ќе помогнат да се добие целосна слика за СММ и за тоа каква претстава за него имаат неговите засегнати страни. Интервјуата ќе имаат за цел да обезбедат критичка и искрена процена на потребите за услуги за да се идентификува низата од услуги што им се реално потребни на членовите и што би привлекле нови членови. Покрај тоа, постои потреба да се идентификува начинот како да се осигури одржливоста на новата услуга (услуги).

Цел на задачата

Севкупната цел на истражувањето е да обезбеди:

  1. Краток дијагностички преглед на КСС;
  2. SWOT анализа за вредноста на КСС и за тоа кои се неговите силни, а кои неговите слаби страни; какви можности постојат за неговата програма за работа и кои се заканите за неа;
  3. Изготвување на предлог за следните чекори за развој на релевантни услуги за членовите и за потенцијалните членови. Препораките треба да вклучуваат конкретни услуги и насоки за тоа како КСС може да започне да обезбедува нови и/или да ги подобри постоечки услуги.
  4. Предлози за начините на коишто ќе се мери зголемениот број и квалитет на новите и подобрените услуги.

Времетраење на задачата

Задачата се извршува во периодот од јуни до август 2019 година.

Пријавување на надворешни соработници/Консултантски друштва

Надворешните консултанти и/или консултантски куќи заинтересирани за соработка со ИПА/МОТ проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог во горенаведените области на експертиза се замолуваат да ги поднесат своите пријави за изразување интерес до 17 јуни 2019 година преку електронска пошта на адресите simjanoska@ilo.org; kalenzis@ilo.org и jovanovska@ilo.org.

Барања:

  • Искуство во соодветната област на експертиза;
  • Универзитетска диплома во релевантната област;
  • Добро познавање на англискиот јазик и познавање на стручната терминологија;
  • Силни аналитички вештини и практично искуство во работа од сличен вид;
  • Пристап што е ориентиран кон клиентите, тактичност и способност за работа со луѓе и за ефективно обезбедување на услугите;
  • Способност за управување со текот на информациите и почитување на роковите и обврските;
  • Сметка во банка што е соодветна за прием на средства од странство.

Друштвата треба да го поднесат следново:

  • Преглед за друштвото
  • Претходно искуство во релевантната област
  • Список со референци

Индивидуалните соработници треба да го поднесат следново:

– Кратка биографија (CV)

– Краток опис што покажува дека го поседуваат соодветното стручно знаење и искуство за учество во наведената проектна активност

Во согласност со проектните правила на МОТ, експертите не може да бидат државни службеници. МОТ го задржува правото да прифати или одбие која било пријава. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во согласност со проектните процедури на МОТ. Кандидатите ќе бидат контактирани од координаторот на активноста и ќе добијат проектна задача со детални барања и описи на задачите. Сите кандидати што се избрани за некоја конкретна задача потпишуваат договори за надворешни соработници со МОТ за конкрената задача и со конкретно времетраење; ова во никој случај не претставува постојано вработување од МОТ или какви било изгледи за тоа.

Целиот повик со детално објаснување на задачите, целите и условите можете да го погледнете на линковите подолу:

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – Процена на потреби за услуги за синдикатите_МК

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – Процена на потреби за услуги за синдикатите_EN

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – Процена на потреби за услуги за синдикатите_AL

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk