Повик за изразување интерес за обезбедување услуги за превод и толкување

0

Отпочнува проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Општата цел на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање на повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку подобрување на институциите и законодавството, како и со активности за зајакнување на капацитетите на трипартитните чинители на пазарот на трудот за нивно ефективно вклучување во социјалниот дијалог.

Проектот има потреба од преведувачи/толкувачи за следните јазични комбинации:

  • од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик;
  • од македонски на албански јазик и од албански на македонски јазик.

Потребни вештини и искуство

  • Завршен филолошки факултет;
  • Одлично познавање на македонски и англиски/албански јазик
  • Минимум 5-годишно искуство во превод/толкување од областа на трудовото законодавство, работните односи, социјалниот дијалог, политиките за вработување;
  • Добро познавање на MS Office.

Kратки биографии на англиски јазик треба да се пратат на simjanoska@ilo.org; jovanovska@ilo.org, kalenzis@ilo.org   до 15 февруари 2019 г.

Преведувачите/толкувачите ќе потпишат договор за надворешна соработка со МОТ за соодветната задача со определена временска рамка; ова во ниеден случај не подразбира постојано вработување во МОТ или очекување за истото.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk