Повеќе случаи на теренска работа за време на топлотниот бран, КСС со претставка до Инспекторатот за труд

0

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, регистираше повеќе случаи на теренска работа за време на топлотниот бран кој ја зафати нашата држава во текот на претходната недела. Беа забележни градежни работници кои работеа на +40 степени. Исто така добивме информации за работа на улица, како и копање на нова улица во Скопје Север.

КСС по најавата за топлотниот бран преку соопштение апелираше за почитување на препораките од МТСП од работодавачите, како и законот за безбедност и здравје при работа. Сакаме да укажеме за непочитување на препораките, конкретно препораката за избегнување на работа на отворено за време на најтоплиот период на денот (11:00 до 17:00 часот)

Поради ова КСС поднесе претставка го Државниот инспекторат за труд со цел да се испита ситуацијата на терен и да се казнат несовесните работодавачи.

Потсетуваме дека КСС води кампања ” Пристојна плата за пристоен живот” и токму месец август го посвети на темата “Безбедност при работа” преку која работи на подигање на свеста и едукација на работниците за нивните права кои им произлегуваат од работниот однос.

68948581_2293280610767446_6573610500666425344_n

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk