Пленарна седница на РСС “Солидарност” и апликација за полноправно членство во Европската конфедерација на синдикати

0

Во периодот од 7-10.05.2016 год. во Бечичи во Црна Гора се одржа пленарна седница на регионалниот сојуз на синдикати “Солидарност” на која се разговараше на повеќе теми меѓу кои соработка со Меѓународната конфедерација на синдикати и креирање на регионална база на колективни договори.

Своја седница одржа и секцијата на млади кои се осврнаа на веќе започнатите и планираните кампањи за организирање како и на активните мерки за вработување на младите во земјите кои се членки на РСС “Солидарност”.

На оваа седница како претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија присуствуваа Благоја Ралповски и Зоран Антовски, а како претставници од младите беа Дејан Стојановски и Дарко Максимов.

Но овој настан е од посебно значење за КСС, бидејќи се одржа официјална средба на Претседателот на КСС Благоја Ралповски и заменик Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Josef Niemetz  на која се разговарање за приемот на КСС во ETUC како полноправна членка. КСС сеуште е со статус на членка-набљудувач, без право на глас во органите на одлучување во ETUC.

На заменик Генералниот секретар Josef Niemetz  му беше предадена апликацијата за полноправно членство за која имаше позитивна реакција и која ќе се разгледа на некој од наредните состаноци на ETUC.

dsc00338

Се надеваме на позитивен одговор по однос на нашата апликација и дека нашиот вложен труд ќе резултира со влез во семејството на Европската конфедерација на синдикати.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk