“Платформа за вработување и социјални работи”

0

На 29ти јуни годинава во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа конференција на регионалниот проект “Платформа за регионално вработување и социјални работи” во организација на Советот за регионална соработка ( РСС ) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Целта на конференцијата беше на едно место да се соберат Министрите за труд и социјална политика од 6 економии на земјите од Западен Балкан и да разговараат за приоритетните политички прашања во врска со вработувањето и пазарот на работна сила и тоа:

– поттикнување на вработувањето на младите како главен предизвик и значајна  можност за иднината на Западен  Балкан

– подобрување на пазарот на трудот како заедничка одговорност

Платформата беше презентирана од страна на Горан Свилановиќ, Генерален секретар на Советот за регионална соработка, Антонио Грациоси од Националната канцеларија за Централна и Источна Европа и директор на секторот за пристојна работа при МОТ и Томас Бендер, раководител на одделение во Генералниот секретаријат за вработување на Европската комисија.

Главниот фокус на проектот Платформа за вработување и социјалани работи е унапредување и зајакнување на регионалната соработка во однос на вработување и социјални прашања преку различни акривности како што се градење на капацитетите на владините агенции, трипартитните совети, социјалните партнери, трудовите инспекторати и услуги за вработување во целиот регион и размена на искуства и добри практики.

Г-дин Свилановиќ, Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, рече дека создавањето на работни места бара извршување на координирани и кохерентни политики за зголемување на економскиот раст. Тоа бара одржување на макроекономската стабилност, бизнис и инвестициона пријателска клима, силен човечки капитал и развиени претприемачки вештини, особено меѓу младите.

Овој проект е  финансиран од Европската унија.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk