Отворена седница на Економско – социјалниот совет

0

На ден 20.03.2017 година се одржа отворена седница на Економско – социјалнит совет, на која беа презентирани реализираните активности од досегашното функционирање на ЕСС на национално и локално ниво и  за унапредувањето на функционирањето на ЕСС. Исто така беше презентирана и годишната Програма за работа на Економско – социјалниот совет со кој претседаше министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими. На седницата од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија КСС, присуствуваа членовите на Економско – социјалниот совет г. Благоја Ралповски и г.Јаким Неделков.

На отворената седница социјалните партнери се согласија дека редизвиците со кои се соочува земјата поврзани со долготрајната политичка криза не треба да се пречка за остварување и натамошно динамизирање на дијалогот.

На отворената седница се даде осврт и на повеќе проекти, за кои економско – социјалниот совет даде  иницијативи и предлози и преку кој кои поминаа повеќе проекти Македонија вработува, Акцискиот план за вработување на млади, а од особена важност е донесувањето на Законот за минимална плата и се истакна дека во наредниот период сите социјални партнери се согласуваат околу зголемување на минималната плата, која ќе биде резултат на сеопфатна анлиза и консензус помеѓу социјалните партнери, а нема да се утврдува паушално.

Отворената седница на ЕСС беше одржана во организација со проектот за Унапредување на социјалниот дијалог како промотивен  настан за јакнење на препознатливоста и репутацијата на ЕСС во јавноста и кај целните публики преку истакнување на улогата на ЕСС во трипартитниот социјален дијалог.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk