Остра реакција на КСС за функционирањето на Економско социјалниот совет

0

Денес на редовната 35та седница на ЕСС , Министерката за труд и социјална политика на РМ, Мила Царовска, како Претседател на истиот, направи преседан во однос на функционирањето на Економско социјалниот совет, почитувањето на правото и грубо го прекрши Законот за работни односи, Деловникот за работа на ЕСС и спогодбата за формирање на ЕСС кои се во согласност на Законот за работни односи и конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Министерката без претходно известување направи обид да подметне промена на Деловникот за работа  и функционирањето на ЕСС со тоа што повика да присуствуваат нелегитимни организации кои не се членови на истиот.

Имено ние како конфедерација на синдикати го поддржуваме синдикалниот плурализам и консултација со сите синдикати кои функционираат во Република Македонија, но бараме почитување на Законите.

Остро реагираме на ваквата постапка на Министерката Царовска која при наше укажување се стави во улога над Законот, над Деловникот и се обиде да подметне и усвои дневен ред за кој ниту сме известени, ниту пак претходно имаме добиено соодветни материјали за дел од дневниот ред во кој што се менува Деловникот..

Ве известуваме дека заради ваквиот однос на министерката за труд и социјална политика  кон легитимните социјални партнери и грубото кршење на Законите , Деловникот за работа на ЕСС и меѓународните конвенции КСС ќе испрати информации до меѓународните организации како што се Европската конфедерација на синдикати ETUC и Меѓународната конфедерација на синдикати ITUC  и Регионалниот совет “Солидарност” каде КСС е редовна членка како и до Меѓународната организација на трудот која будно ги следи состојбите во РМ во однос на правата на работниците и почитување, негување и подигнување на социјалниот дијалог и партнерството помеѓу социјалните партнери на сите нивоа.

За оваа состојба ќе ја информираме и Европската комисија во Македонија, која што редовно ги следи состојбите на социјалниот дијалог и партнерството и ги внесува во редовните извештаи кои ги доставува до Владата на РМ.

Исто така остро ќе реагираме на ваквата состојба и до Владата на РМ и до ресорните министерства кои што се членки на ЕСС за надминување и создавање на еден коректен социјален дијалог во рамките на Законите и Уставот на Република Македонија.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk