Одржан 4-тиот Конгрес на ITUC

0

Конфедерацијата на слободни синдикати зема учество на Четвртиот светски конгрес на Меѓународната конфедерацијата на синдикати каде КСС е полноправна членка. Конгресот се одржа во периодот од 2-7 декември 2018 година, во Копенхаген, Данска.

Повеќе од 1.200 учесници учествуваа во петдневната дебата со цел да ги креираат политиките и приоритетите за меѓународното синдикално движење во наредните четири години. На Конгресот се обрати премиерот на Данска Ларс Лекке Расмусен, градоначалникот на Копенхаген Френк Јенсен и генералниот директор на Меѓународната организација за труд, Гај Рајдер.

На Конгресот беше избрано новото раководтсво на ITUC. Двајцата кандидати, Сузана Камусо и Шаран Бароу, беа номинирани за функцијата генерален секретар, а Шаран Бароу беше реизбана по втор пат.

По исцрпните дебати и размена на искуства за синдикалните движења од целиот свет на Конгресот беа донесени пет итни резолуции и тоа:

 -Резолуција за спроведување на човековите права и мир во Колумбија;
– Резолуција за солидаризирање со работниците и учениците во Иран;
– Резолуција за спроведување на итни реформите во областа на трудовото право во Унгарија;
– Резолуција за остварување на работничките права и солидаризирање со независните синдикати во Казахстан;
– Резолуција за ослободување на поранешниот претседател на Бразил- Лула де Силва кој е неправедно осуден

 Со затварањето на Светскиот конгрес учесниците се обврзаа на следното:

-Да се стремат  кон достигнување на број од над 250 милиони членови на ITUC во текот на следните четири години

-Да креираат нов колективен договор со кој ќе се зајакне социјалната заштита

-Да се зголемат минималните плати во државите,

-Да се ублажи трендот на минималното плаќање на работниците

 -Да се елиминираат рововите јазови во платите и било која родова базирана дискриминација на работното место

-Да се преземат мерки против насилството на жените на работното место

На Конгресот особено внимание беше обрнато и на климатските промени како голем проблем со кој се соочува денешницата.

КСС со своето учество придонесе кон креирањето на политиките на ITUC за следните 4 години пренесувајки ја ситуацијата за синдикалното движење во Македонија и споделувајќи го своето искуство со останатите учесници.Следниот Конгрес на ITUC ќе се одржи во 2022 година

.

45358540245_8a7e5a963e_z 45358540345_7ecf3a1114_z

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk