КСС ПРОТЕСТИРАШЕ ВО ПРИЛЕП

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија реши да го радикализира своето делување за постигнување на своите барања со кои сака да го подигне социјалниот статус на своите членови и вработени во јавниот сектор.

КСС своите барања ги достави до Владата на Република Македонија и до соодветните министерства уште во јануари оваа година кога беше организиран големиот предупредувачки протест во Скопје на 17.01.2018 год.

Со своите барања КСС се бори за пристојна плата која ќе овозможи пристоен живот кој потполно се занемари како основна карактеристика на  општественото живеење, да се усогласи висината на основната плата со минималната плата, да се почитуваат законите и колективните договори со кои се овозможува исплата на додатоците на плата како и К-15, да се престане со политичките притисоци и сите други притисоци на работно место и мобинг за да може квалитетниот работник да си ја извршува својата работа,  да се направи преквалификација или доквалофикација на веќе вработените за секторите каде што има недостаток на работна сила наместо да се всадува идејата за трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор и почитување на социјалниот дијалог како најважна алатка за севкупен напредок.

Протестот во Прилеп и покрај сите обиди за негово спречување беше подржан и беше испратена порака од која институциите треба да разберат дека треба синдикатот да го вклучат во донесувањето на одлуките како релевантен фактор и како претставник на работната сила во државата.

КСС и понатаму ќе продолжи да ги радикализира своите активности се додека институциите не преземат активности за исполнување на овие барања кои се согласно законите и колективните договори.

Во прилог, дел од протестот.

Протест- Прилеп 15.12.2018– видео

Протест- Прилеп 15.12.2018– видео 2

48355633_2234834710065555_1950252221417390080_o 48358844_2234834786732214_1067052408141512704_o48383895_2234834743398885_4950025898280615936_o 48417657_2234834653398894_9212504859062829056_o

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk