Одржан протестот на КСС во Куманово

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на ден 06.04.2019 година одржа протест во Куманово кој започна во 12,10 часот на Градскиот плоштад. КСС ги повтори своите барања како што се зголемување на платите согласно зголемувањето на минималната плата, стоп за трансфер од јавен во приватен сектор, К-15 за јавниот сектор, сигурност на работните места и пристојна плата.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски имаше свое обраќање на кое истакна дека КСС нема да застане во одбрана на правата на работниците и истакна дека протестите продолжуваат и за време на претседателската изборна кампања. Исто така истакна дека КСС бара според законот да ги зголемат и платите на вработените во јавниот сектор како и што Владата најде законско решение да им ги покачи платите на вицепремиерите и министрите. Бара покачување на платите согласно порастот на минималната плата и не од сега, туку од 01.01.2019 година. Воедно порача стоп за трансферот од јавен во приватен сектор. Исто така истакна дека Владата треба да докаже дека се најдобриот работодавач во државта и да докажат со пример како се исплаќа К-15 и на вработените во јавниот сектор.

56242785_2303343243214701_7008649310036295680_resized 56446515_2303343329881359_8237144290384412672_resized

Порача и дека продолжуваат понатака, по патот на просперитетот во државата и за тоа се денеска тука, за одбрана на работничките права. Нагласи дека без почитуван работник, нема почитувано општество.

КСС порача дека доколку не се послушаат барањата на КСС ќе се пристапи и кон генерален штрајк во јавниот сектор.

На протестот свое обраќање имаше и Претседателот на СОНК, Јаким Неделков кој опфати неколку поенти за дејностите, што ги покрива нивниот синдикат како што се ветувањата за зголемување на платите на вработените во градинките за 12-16% од 01.01.2019 година, а нема ништо од ветеното од надлежните институции, нема ниту нивелација на платите во културата од март 2019, а колективниот договор изготвен од СОНК кој поминал на јавна расправа некој се обидува да го “фрли во канта”.

Свое обраќање имаа и Претседателот на Регионалниот одбор на СОНК -Куманово, Никола Стојмановски, како и Генералниот Секретар на Регионалниот одбор на СОНК-Куманово, Исмет Зекири.

На протестот присуствуваа членови на гранските синдикати при КСС.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk