Одржана PERC школа на тема плати и намалување на јазот меѓу платите и социјална заштита

0

Кон крајот на септември оваа година, поточно од 18-20.09.2017 во Стокхолм, Шведска се одржа  PERC школата, десета по ред.

На оваа школа се разгледуваа глобалните состојби и промени на работничките права кои во последниот период се особено актуелна тема.  Споредба беше направена меѓу состојбите во земјите од регионот, земјите од Европа и секако споредба помеѓу земјите од светот кои се со различно ниво на почитување на работничките права.

bty

Свои излагања имаа Карл Торвалдсон, заменик Претседател на ITUC,  Генералниот секретар на ETUC, Лука Винсентини и Естер Линч, конфедерален секретар и Ениса Салимович од регионалната канцеларија на PERC која даде посебен осврт на моменталната состојба во земјите од регионот.

bdr

Меѓу другото се разговараше и за нивото на платите во јавниот сектор, минимална плата, колективно преговарање, јазот во платите врз основа на полова и старосна дискриминација за што свое излагање имаа и претставници од секцијата на жени и секцијата на млади при PERC.

bty

Од страна на претставници од синдикатите  од балтичките земји беше претставена платформата Global deal која се осврнува на социјалниот дијалог на глобално ниво и се залага за приклучување на сите три страни, Владата, синдикатите и организациите на работодавачи што е всушност идеалната опција за која се залагаат основачите. Идејата за Global deal потекнува од Стефан Лофрен, министер во Шведска кој се залага за оваа идеја откако влегол во политиката.

Кон овој глобален начин на социјален дијалог се приклучиле повеќе земји од светот.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk