Одржана јавна дебата за Предлог-буџетот на РМ за 2019 година

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) по повод денешната јавна дебата за Предлог – буџетот на РМ за 2019 година на која КСС присуствуваше со свои претставнци изразува незадоволство во однос на покачувањето на платите во одредени дејности. Имено КСС во изминатиот период јавно, но и на средбите на економско-социјалниот совет бараше  усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата.

Со дадениот предлог за покачување на платите на јавната администрација во Предлог-буџет за 2019 година, не можеме да дојдеме до износот на посакуваниот вертикален распон на платите што произлегува од законските обврски.

Ја повикуваме Владата уште еднаш да направи анализи и согласно законските одрердби да се одважи и на фер и транспарентен начин да донесе одлука во насока на исправување на неправилностите кои беа направени согласно законот за зголемување на минималната плата во 2017 година.

Уште еднаш потенцираме дека платите во јавниот сектор се доведоа на ниво на социјални примања. Како доказ го посочуваме предлогот за покачување на социјалната помош во Предлог-буџетот со кој се предвидува износот на истата да достигне ниво на плата на вработените во јавната администрација.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk