Одржана работилница за дизајнирање програми за вработување на млади лица

0

Во период од два дена, односно 10ти и 11ти мај во х.Арка се одржа работилница на тема вработување на младите. Меѓународната организација на трудот ги организира овие работилници како во Македонија така и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

18644559_10212631779810311_278859362_n

Целта за овие два дена беше да се преиспитаат клучните карактеристики на Гаранцијата за млади која како препорака е донесена од Советот на Европската унија со која земјите преземаат обврски да осигураат дека сите млади лица до 25 години ќе добијат квалитетна понуда за вработување, натамошно образование, стажирање и практиканство во рок од 4 месеци откако ќе станат невработени или откако ќе го напуштат формалното образование. Меѓу другото да се видат најчестите модалитети за спроведување на Гаранцијата за млади и која е улогата на Агенциите за вработување и секако да се види начинот на кој социјалните партнери може да учествуваат во дизајнирање, спроведување и следење на мерките за вработување на младите.

18678993_10212631780850337_1067696822_n

На оваа работилница учество земаа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, Организацијата на работодавачи и секако синдикатите.

Предавачи беа експерти од областа на политиките за вработување од Мегународната организација на трудот.

 

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk