Одржана работилница за активно стареење и меѓугенерациски пристап

0
На ден 15.09.2020 беше одржана работилница во просториите на СОНК каде беше разгледан Автономниот Рамковен Договор на Европските социјални партнери, односно делот за активно стареење и меѓугенерациски пристап од истиот Договор.
На оваа работилница учествуваа претставници од КСС, претставници од пензионерскиот синдикат на Македонија, а свое учество зема и Бизнис конфедерација на Македонија со свој претставник.
На работилницата се разгледаа повеќе прашања во областа на работничките права, безбедност и заштита при работа, социјалните политики и др. области кои се засегнати по однос на прашањето „дали повозрасните вработени лица, над 55 години, уживаат некое посебно право поради нивната возраст и каде е тоа регулирано?“ Едногласно беше констатирано дека синдикатите и организациите на работодавачи, не се доволно информирани, ниту вклучени во процесот на изнаоѓање решенија за обезбедување на активното стареење и меѓугенерацискиот пристап.
Во однос на оваа важна тема беа разгледани и дополнителни други прашања со цел собирање на информации за моменталната состојба на работниците кои се на возраст над 55 години и успешно обезбедување на активно стареење и меѓугенерациски пристап.
Предавач на оваа работилница беше Маја Стефковска која предложи и акциски план според кој би течеле преговорите на оваа тема и истиот е потребно активно да се реализира во наредниот период.
Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk