Одржана пленарна седница на РСС “Солидарност”

0

Кон крајот на месец  јануари, односно на ден 31.01.2018 год. се одржа пленарна седница на Регионалниот синдикален совет “ Солидарност “  во кој членуваат репрезентативните синдикати од  земјите од бившите југословенски простори. Седницата се одржа во зградата на Сојузот на самостојните синдикати на Србија кој оваа година претседава со советот.

Темите на кои се дискутираше беа од областа на работното време кое иако е определено со закон, работодавачите често пати го продолжуваат без соосветен надомест за работникот, потоа постојаната и се понапредна дигитализација и роботизација која покрај тоа што носи придобивки во начинот на работа и организацијата, сепак има негативни последици по работниците со краен резултат, нивна замена со роботи и новите и атипични облици на работни места ( сезонска работа, работа на повик, работа на платформи ) кои заради своите карактеристики  на работниците не им обезбедуваат соодветна заштита, односно се работи без уплата на соодветните придонеси  поради што работниците го губат правото да остваруваат пензија.

Од гледна точка на синдикатите потврдено е дека самите тие треба да се прилагодуваат на промените кои ги носи напредокот на технологијата и да се изнајдат начини како синдикатите ќе одговорат на постојаните промени на пазарот на трудот, бидејќи од 40%- 65% од работните места ќе бидат погодени од дигитализацијата.

31.01.2018 Belgrad-Solidarnost

Освен тоа, роботизацијата и дигитализацијата како проблематика, синдикатите мора да ја отворат како тема во склоп на социјалниот дијалог  за да се стави акцент и на работното време за да се запази правото на работниците на слободно време и секако на приватен живот.

Исто така беше кажано и дека ова како проблем треба да се предочи и на државата која како социјален партнер е задолжена да се грижи за работниците како граѓани на една држава.

На крај од седницата се потпиша и Декларација за атипични облици на работни места која следи по донесувањето на Декларацијата за работното време.

 

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk