Одржана обука ” Права на младите на работното место-пристојна работа за младите луѓе “

0

Обуката која се одржа во периодот од 27-29.09.2017 год.во Охрид е во склоп на програмата ” Права на младите на работното место-пристојна работа за младите луѓе ” која има за цел подигање на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место.

Како главни сегменти на кои се обрна најголемо внимание беа: клучните карактеристики на пазарот на трудот за младите луѓе, договор за вработување, условите за работа на работниците и безбедност и здравје при работа секако врз основа на нашето национално трудово законодавство.

Обуката беше организирана на комбиниран начин со презентации од предавачите, размена на знаења меѓу учесниците и работа во групи со интеракција.  Обуката ја водеа меѓународен и национален експерт од областа на работничките права.

22425918_10213941068341706_845634101_o    22396609_10213941062221553_819321590_o

Според покажаниот интерес и активност на обуката од учесниците кои беа млади луѓе до 24 години, можеше да се забележи дека имаат потреба од ваков тип на обуки за да се информираат и да бидат подготвени за да влезат на пазарот на трудот.

Обуката беше организирана од страна на Мегународната организација на трудот.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk