Одржана обука од областа на безбедност и здравје при работа

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  на 25.06.2019 година одржа работилница за безбедност и здравје при работа во склоп на проектот кој го води.

Проектот е насловен како „Безбеден работник е почитуван работник“ и се состои од повеќе активности и работилници за зголемување на капацитетите на синдикатот и подигање на свеста на работниците за тоа колку е важно да се применуваат мерките и прописите од страна на работниците, но и од страна на работодавачите.

На работилницата се дискутираше за законот за безбедност и здравје при работа, состојбите на терен, улогата на синдикалните претставници и беа изнесени ставови од страна на присутните.

На работилницата учествуваа претставници од гранските синдикати на КСС, а предавач на работилницата беше експерт по безбедност и здравје при работа од Македонското здружение за заштита при работа.

Беа донесени заклучоци за тоа дека  оваа тема треба да се третира почесто од страна на синдикатите, работодавачите и Владата, но секако и од страна на медиумите за да се крева свеста и со тоа да се спречат несаканите последици.

Проектот „Безбеден работник е почитуван работник“ е во реализација на КСС во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, а е финансиран од Европската Унија.

kss_logo_final  logo mzzpr  лого еу

 

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk