Обука на тема ” Родова еднаквост и недискриминација “

0

На ден 21.06 во просториите на Славјанскиот универзитет- Св Николе, беше одржана обука на тема  “Родова еднаквост и недискриминација”, втора од планираните осум тематски обуки организирани од страна на Проектот Унапредување на социјалниот дијалог.

Дебатите се однесуваа на недискриминација и еднаквост при вработувањето,  како и македонски контекст во однос на недискриминацијата и жените на пазарот на трудот, а вниманието беше задржано на Конвенцијата за дискриминација ( вработување и работа ) и Конвенцијата за еднакви примања за работа со еднаква вредност, како инструменти на Меѓународната организација на трудот.

Целиот настан беше воден од Силке Штајнхилбер, специјалист за работни односи и родова еднаквост и Никица Мојсоска Блажески, национален експерт кои изнесоа искуства и свои истражувања за степенот на застапеност на дискриминација и нееднаквост во вреднување на работата на мажите и жените во Република Македонија.

На присутните им беа  дадени прашања  и практични вежби со примери  кои дополнително отворија дискусија за областите каде најмногу е застапена дискриминација и начините за нејзино намалување како прв чекор, па се до нејзино искоренување.

Целта на оваа обука е зајакнување на капацитетите на националниот и на локалните Економско-социјални совети.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk