Националната кампања „365 работнички права за младите!“

0

Од 01 јануари 2018 година, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, заедно со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“. Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани во согласност со Законот за работни односи. Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив. Кампањата „365 работнички права за младите!“ вклучува серија на активности кои ќе се спроведуваат во текот на 2018 година и истите предвидуваат консултативно – едукативни средби, јавни дискусии, ИНФО Денови и настани преку кои ќе се опфатат голем број на млади (средношколци и студенти), млади работници, работодавачи, донесувачи на одлуки на локално и национално ниво и невладини организации со цел подигнување на свеста за гарантирање на правата на работно место. Преку активностите на кампањата ќе се влијае и на зголемена свест за важноста од информирањето за работничките права за севкупната јавност во Република Македонија.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk