МОТ: Социјалниот дијалог треба да се унапредува преку создавање поволна бизнис клима

0

На ден 17.04.2019 година во х. Солун се одржа трипартитната работилница за поволна бизнис клима за развој на одржливи претпријатија. На работилницата учество земаа и претставници од КСС.

На работилницата прв презентираше Северин Дебо, којшто е глобален координатор на Меѓународната организација на труд – МОТ за поволна бизнис клима за одржливи претпријатија (EESE). Тој даде вовед во концептот за и методологијата на МОТ за процена во однос на Поволна бизнис клима и одржливи претпријатија (EESE).

Потоа, Никица Кисиникова, којашто е надворешен соработник на МОТ ги презентираше клучните наоди од компаративната анализа за поволна бизнис клима за одржливи претпријатија за периодот 2013/2014 до 2019 година, каде што се оцениле петте клучни области, а тоа се: овозможувачка правна и регулаторна средина, владеење на правото и обезбедени права на сопственост, пристап до финансиски услови, лојална конкуренција и претприемачката култура.

  • Наодите покажаа дека водењето на бизнис во Македонија е релативно лесно, но претпријатијата се жалат дека квалитетот на регулативата.
  • Земјата треба да го зајакне владеењето на правото, што е поврзано со транспарентноста при креирањето на политики, ефективноста на правната рамка, спроведување на законите и работењето на судскиот систем.
  • Растот на фирмите пред се се заснова врз самофинансирањето на претпријатијата, со силно претпочитање на финансирањето со задржаната добивка или со нов, приватен или семеен капитал.
  • Банките се клучен извор на надворешно финансирање. Главните три пречки за пристап до заеми се следниве: високи каматни стапки, банките не сакаат да преземаат ризици и банките бараат премногу документи за да одобрат заем.
  • Нееднаквиот третман на друштвата и широко распространетата сива економија штетно влијаат на конкурентноста.

Имено, МОТ во моментов го спроведува проектот Зајакнување на социјалниот дијалог 2019 – 2021 година, финансиран од Европската Комисија, со компонента за поволна бизнис клима, како придонес за зајакнување на учеството на Економско – социјалниот совет во креирање на агенда за економски и социјални реформи.

На крајот од работилницата, Северин Дебо и Јулија Друмеа ги изнеоса заклучоците за дефинирање на опсегот и процена поврзана со (EESE), како и за преговарање на нови клучни приоритети.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk