Меѓународната организација на трудот одбележува 100 години постоење

0

Оваа година 2019 та е јубилејна година за Меѓународната организација на трудот.

Оваа година одбележува 100 години од основањето, односно 100 години исполнување на својата мисија.

МОТ е основана  во 1919 година како дел од Версајскиот мировен договор, со кој е завршена Првата светска војна.  За своето функционирање МОТ ги здружува владите, работниците и работодавачите за врз основа на принципот на трипартизам да постигне социјална правда и да воведе стандарди на пазарот на трудот.

МОТ е единствената меѓународна организација каде владата нема ексклузивна гласачка моќ. При поставувањето стандарди и политики, претставниците на работодавачите и работниците имаат еднаков глас со владите во процесите на донесување одлуки.

Како синдикат сме во постојана соработка со МОТ во насока на унапредување на работничките права и слободи.

Во продолжение повеќе информации за МОТ на следниот линк.   www.ilo.org/100

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk