КСС УШТЕ ЕДНАШ БАРА ДА ПРЕКИНЕ ЛИНЧОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, а во врска со дадените изјави/деманти на Министрството за информатичко општество и администрација – МИОА и соодветниот Министер, сметаме за потребно повторно да упатиме соопштение до јавноста, но и да го повикаме Mинистерот и министерството да одговорат на поставените прашања. Имено, многу е лесно да се одговори со терминот ,,лажни вести,, но ние не тврдиме туку прашуваме, а се чини како некој да е затечен во целава ситуација, па почнува да се брани препознавајќи се себеси.

Дали е точно дека вработените на определено време и преку Агенција за вработување треба да добијат откази согласно член 76 став 3 од Законот за работните односи, затоа што во М1/М2 образците во делот на причината за вработување  е наведено ,,ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА,, затоа што како велат имало намален обем на работа и администрацијата немала што да работи?

Колку вработени се на тој начин во јавниот сектор и колку ја чинат државата и зашто државата и покрај слабиот буџет се уште ги вработува?

Дали е точно согласно уредбите за одложување на кредитите и извршителите, истите наплаќаат камати за тој период и со тоа нашите долгови ќе се зголемат за одредена сериозна сума?

Дали е точно дека додатоците на плата освен минат труд, работа во смени и за време на празник, надоместок за платен одмор и боледување се стопирани и не се исплаќаат во сите институции кои што го стекнале тоа право согласно одредени закони и колективни договори, и дали тоа е во линија со Уставот, односно дали уредбите се уставни, а делот на плати со надоместоци не се исплатува ???

Се пушта фама и саркастични памфлети дека наводно вработените во јавниот сектор не знаат што да прават со платите и нема каде да ги потрошат, е па нека излезе сега МИОА и нека даде податок колку вработени вкупно во јавниот сектор примаат основна плата од 14.500 денари до 16.500 денари, и нека ни дадат упатство како да ги потрошиме нашите плати.

Нека одговорат кој досега ги реализира уредбите на Владата, одлуките, законите, односно кој е сервис на граѓаните и на приватниот сектор, или пак сметаат дека тоа се именуваните и избраните  лица, поставени да менаџираат со јавниот сектор? Ако не знаат како МИОА и Владата треба да се погрижи за тоа, ние тука немаме никаква вина и одговорност.

Бараме да одговорат дали согласно уредбите на Владата, еден голем дел од администрацијата работеше од далечина т.е. од дома каде што дозволува системот на работа, а таму каде што не административците одеа на работа? Ако е лага нека не демантираат!!

Засега толку, а има уште многу прашања што во наредниот период ќе бидат поставени и доколку и ние и јавноста не добие одговор кон одговорните кои изнесуваат изјави дека шириме  лажни вести, а не е првпат, ќе следат соодветни судски поднесоци за клевета, па таму ќе одговорат кој шири лажни вести или кој ја крие вистината злоупотребувајќи ја службената должност!!!

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk