КСС протестираше во Штип

0

Конфедерацијата на слободни синдикати одржа голем социјален протест во саботата на ден 26.01.2019 гоодина во Штип.  Протестниот марш започна на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Како главни барања на протестот беа покачување на платите во јавниот сектор согласно процентот на покачување на минималната плата (со тоа што исплатата би започнала од јануари оваа година), исплата на К-15 за јавната администрација и стоп за трансфер од јавен во приватен сектор.

Меѓудругото потсетуваме уште еднаш за барањата кои ги поставивме во склоп на протестот: пристојна плата, за пристоен живот, работа без притисок и мобинг, сигурност на работното место, почитување на законите и колективните договори, почитување на социјалниот дијалог и парнерство.

Протестот се надоврза на протестот кој претходеше во Прилеп, каде КСС започна со радикализирање на своите активности со цел остварување на правата на своите членови.

КСС и понатаму ќе продолжи да ги радикализира своите активности се додека институциите не преземат активности за исполнување на овие барања кои се согласно законите и колективните договори.

50919558_2260560407492985_6832095062902439936_n 50927136_2260560437492982_1294949982821941248_n 50929570_2260560254159667_1183345863225769984_n

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk