КСС потврди – Јавниот протест ќе се одржи

0

12.01.2018

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес- конференција, на која како и неколку пати претходно, ги искажа реакциите околу:

– нефункционирање и непочитување на социјалниот дијалог и социјалното партнерство;
– кршењето на закони, Уставот на Р.М., конвенции на Меѓународната организација на трудот и суспендирање на колективните договори;
– упад во синдикални организации при КСС за насилно менување Претседател, притисоци за исчленување од синдикатот, напад врз врвот на КСС;
– обиди за замолчување на КСС на најразлични начини поради нашите легитимни барања;

„И покрај нашите јавно изнесени ставови и покрај многуте реакции од меѓународните синдикати и укажување за кршењето на законите и конвенциите на Меѓународната организација на трудот ратификувани во Собранието на Р.Македонија, кои се обврзувачки, и покрај нашиот најавен протест на 17.01.2018 година, за кој ги известивме и Владата на РМ и надлежните министерства и понатаму продолжува молкот, игнорирањето, дискриминацијата, притисоци, отпушатња од работа, но не и одговорност да се седне на маса со репрезентативните синдикати и да се разговара и изнајде решение за нашите легитимни барања за подобрување на стандардот на вработените во јавниот сектор согласно законите и колективните договори.“ изјави Претседателот, Благоја Ралповски.

Затоа денес КСС го потврдува својот став и подготвност да ги одбрани своите права од одлуката донесена на 21.12.2017 на Конференција на КСС, највисок орган меѓу два Конгреса.

Јавниот предупредувачки протест ќе се одржи на 17 Јануари 2018 година пред платото на ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со почеток во 5мин. до 12 часот.

БАРАЊА ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Веднаш, а најдоцна до 16 јануари 2018 година, Претседателот на Владата на Република Македонија или од него овластени претставници да организира работна средба со раководството на КСС, со цел на договарање на заеднички решенија за надминување на состојбите кои се причина за организирање на ЈАВНИОТ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ.
– Веднаш да престанат притисоците врз вработените во јавниот сектор, а особено притисоците врз синдикалните претставници и обидот за загушување на синдикалното движење.
– Веднаш да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата од Октомври 2017 година.
– Веднаш да започнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор без дискриминација на одредени дејности.
– Веднаш да започнат преговори за измена и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со цел подигнување на работничките права во делот на минат труд, правото на регрес за годишен одмор и породилното отуство.
– Задолжително да се усогласуваат барањата за платите во јавниот сектор помеѓу репрезентативните синдикати и Владата, пред секое планирање на Буџетот на Р.Македонија.

Се повикуваат сите синдикати во Р.Македонија, како и други граѓански и невладини организации со цел истите со свои претставници да учествуваат во Јавниот предупредувачки протест по основ на солидарна поддршка.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk