КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран

0

По најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, дека се очекуваат исклучително топли денови со температури до 41 степен, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници, земјоделци, градинари, работници во сообраќај, работници кои изведуваат теренска работа, продавачи на отворени пазари, пожарникари, полицајци, војници, како и оние кои работат на работни места кои се со ризик од изложеност на високи температури, и согласно Законот за безбедност и здравје при работа да се обезбедат соодветни услови за работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците. КСС препорачува избегнување работа на отворено во период од  11:00 до 17:00 часот, редуцирање на тешката физичка работа, почести паузи, и посебна внимателност со постари работници, хронично болни, бремени жени итн.

КСС исто така потсетува, фирмите кои ќе работат за време на празник да им исплатат на работниците дневница повисока за 50%.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk