КСС најави протест во Куманово

0

На ден 05.04.2019 година во просториите на СОНК се одржа прес-конференција на КСС на која беше најавен протестот на КСС кој ќе се одржи на ден 06.04.2019 година во Куманово со почеток во 12,10 часот на Градскиот плоштад.  Претседателот на КСС, Благоја Ралповски ги истакна барањата кои Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија веќе повеќе од една година ги бара јавно, преку протести, како и преку социјалниот дијалог  за подобрување на правата на вработените во јавниот сектор како што се усогласување на платите согласно покачувањето на минималната плата, исплата на к-15 за вработените во јавниот сектор, почитување на колективните договори и законите, откажување од идејата за трансфер на работниците од јавен во приватен сектор.

Протестот закажан во Куманово за 06.04.2019 година е дел од  низата протести кои КСС ги одржа како дел од активностите и синдикалните делувања со кои се бараат легитимните барања кои им следуваат на вработените согласно законите и колективните договори.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk