КСС го одржа својот протест во Скопје

0

Конфедерацијата на слободни синдикти на Македонија на 08.06.2019 година го одржа својот протест и покрај големиот број на обструкции, обиди за спречување и разни притисоци. Неколку дена пред одржување на протестот, Владата го прогласи 08.06.2019 година (сабота) за работен ден за јавниот сектор во Скопје.

Членовите се сообраа пред Порта Македонија и Министерство за правда продолжија пред Влада од каде што ги упатија своите барања. Во своето обраќање Претседателот на КСС, Благоја Ралповски испрати моќна порака до своите членови и истакна: “Оваа година, на стогодишнината на Меѓународната организација на трудот – еден век, кога треба да кажеме дека се унапредени и збогатени нашите работнички права, нас не вратија пред еден век, да се бориме за нашите плати и сигурни работни места. Зборуваа за цензура на слободата на  говорот, но ова не е цензура, туку ова е мрак на слободната критична мисла во Македонија. “

ксс протест 08.06.2019

Исто така истакна дека платите во Македонија се на најниско ниво во регионот и дека Македонија заостанува за двеста евра со просечната плата во споредба со просечните плати во Албанија, Србија и Косово.

“Од овде ќе им порачаме веднаш, сега и одма, да седнат и да ги решат нашите прашања, затоа што ние не ги измисливме, затоа што така кажуваат законите и колективните договори, а тие се тие што ги кршат.”  – порача Претседателот на КСС.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакна дека во текот на вчерашниот и завчершаниот ден, во организација на Конфедерација на слободни синдикати и СОНК, во два наврати се обиделе да направат прес – конференции, но ниту еден новинар не се отповикал на поканата за прес – конференцијата.

„Не се виновни новинарите, виновни се нарачателите. Но, сепак наши драги колеги, тука сме повеќе, отколку што се надеваа дека ќе бидеме.  Од денешниот ден, гранските синдикати при КСС, вклучувајќи го СОНК, нема да имаат повеќе конструктивни социјални дијалози и партнерски односи. СОНК веќе тоа не го прифаќа, Конфедерација на слободни синдикати тоа не го прифаќа. Веднаш бараме од Владата да излезе, да ги прими повторно барањата, што ги доставивме до неа и да излезат со конкретни предлози за надминување на состојбите во дејностите на јавниот сектор“, истакна Претседателот Неделков.

Исто така додаде дека платите во образованието се под просекот во државата, соседните држави и Европа и дека во образованието е најлоша ситуацијата. Во високото образование и наука со децении нема потпишано колективен договор, има шаренило во однос на плати коишто се непристојни за дејноста високо образование и наука.

Им порача да веруваат во синдикатот, бидејќи тие во најбрзо време ќе гледаат да ги остварат зацртаните цели.

Свое обраќање имаше Фатон Чиче Претседател на Регионалниот Одбор на СОНК, Чаир, како и со со свое обраќање излезе и Претседателот на Пензионерскиот синдикат при КСС, Марјан Спасовски кој порача дека за пристојна пензија треба да имаш и пристојна плата, а од друга страна повисоките уплати во моментов  ќе овозможат редовни исплати на пензиите на сегашните пензионери.

Протестот започна во 16,00 часот и заврши во 18,00 часот. Модератори на протестот беа Снежана Коневска – Руси и Ердоан Максут.

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk